Девојка од Србија открила што сè купила во Париз за 23 евра, тврди дека е поевтино отколку на Балканот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Една белграѓанка која живее во Париз и која често објавува содржини од Србија и Франција на својот ТикТок профил наречен @zimushkah, неодамна откри што сè купила во Париз за 23 евра.

„Што може да се купи во Франција за 23 евра? Шери домати, сланина, 12 јајца, литар млеко, цимет, килограм младо сирење, салата, тесто за тарт, килограм банани, килограм лимони, една краставица, две пиперки, килограм јаболка и два пакети вода. Мислам дека 23 евра е коректно“, наведува таа.

Многу брзо во коментари ѝ се јавиле луѓе од Балканот, тврдејќи дека тоа е невозможно и дека според нејзината објава, поекономично е да се живее во Франција отколку во земјите од Балкан.

„Нема шанси“, „Кај нас ништо“, „Во Србија нема да купиш ни третина од овие намирници“, „Во БиХ е многу поскапо“, „Две евра поевтино од Србија“, „Во Германија е исто така многу поевтино“, „Сега сите ќе отидеме во Франција“, „Ми изгледа многу поевтино отколку кај нас“, се само дел од коментарите.

На крајот во коментари девојката истакнала дека за овие намирници во Србија ќе плати 2 евра повеќе отколку во Франција.

останати вести