Две од децата повредени во синоќешната несреќа со српски автобус на автопатот Тракија во Бугарија, утрово ќе бидат пренесени во болницата во Пирогов во Софија.
Едниот од нив ќе биде префрлен на Детска неврохирургија на „Пирогов“, а другиот на операција, јавуваат бугарските медиуми.
“Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција. Во 9:00 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов”, изјави службениот министер за здравство на таа држава, Асен Меџидиев.
Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна.
Пациентот со ампутиран екстремитет е во добра состојба, и се наоѓа во болницата во Стара Загорје.
Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета вчера од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек. Несреќата се случи вчера околу 20 часот по локално време на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.
Повеќето се од Батајница. Во автобусот имало 38 деца и 11 возрасни.
Претходно полицијата и обвинителството соопштија дека на возачот на автобусот му е одреден 24 часовен притвор. Се чекаат истраги. Главните верзии во оваа фаза се – грешка на возачот или техничка неисправност на автобусот.
На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот