Медицинската сестра Сана Шали (33) имала шокантна средба со еден велосипедист.
Имено, само што ја завршувала смената во една болница во предградието на Манчестер, на враќањето кон дома, во темната улица и пришол човек на велосипед.
-Нешто ми дофрли. Носев слушалки и откако ги извадив го замолив да се одалечи од мене бидејќи беше пре близу. Но, тој ме плукна во лице. Бев шокирана. Му реков дека ќе повикам полиција, но тој повторно ме плукна – изјави Сана за Manchester Evening News.
Сана имала среќе бидејќи во близина биле две жени кој го фотографирале.
-Многу сум им благодарна. Но, не ми е јасно зошто тоа се случи. Многу сум вознемирена, бидејќи се плашам дека човекот беше заразен, па сега и јас имам коронавирус. Не сакам да ги заразам моите колеги. И така немаме доволно луѓе за работа, уште јас да се разбола, вели Сана која откако стигнала дома три пати се туширала, а следниот ден цел ден плачела.
Инаку, портпаролот на полицијата на Манчестер изјавил дека има потерница по маж од 30-тина години, со средна градба, која нападнал жена која се враќала од работа.