Дарио Ивановски 69. на олимпискиот маратон во Париз – го развеа и македонското знаме (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69. позиција од 81 натпреварувач на маратонот од 42 километри во Париз.

Ивановски истрча за време од 2:28:15 и не успеа да дојде до личен рекорд. Треба да се каже дека зад Дарио остана и олимпискиот победник Елуид Кипчоге кој се откажа на 30. километар.

Победник на маратонот беше Тамират Толат од Етиопија со кој со време од 2:06:26 постави нов личен рекорд. Зад него следуваа Башир Абди од Белгија и Бенсон Кипрут од Кенија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com