Д-Р ПАНОВСКИ: Ова со рестораните и со свадбите во затворен простор очекувам да има покачување до 1.000 случаи

by Тони Зографски

Микробиологот Никола Пановски вели дека релаксирањето на мерките ќе предизвика раст на бројот на нови случаи.

Професорот во изјава за Телма рече дека ако потоа се реагира со дополнителни мерки тие ќе бидат задоцнети.

-Кај нас кафаните и кафиќите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат тешки последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња… Очекувам да има покачување до 1.000 случаи, се надевам не повеќе, рече Пановски.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com