Д-р Лазаров: Пред дуќани пушат цигари со ракавици, па со истите продаваат храна и наплаќаат

by Тони Зографски

Претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров, револтиран од несериозниот однос на граѓаните и непочитување на препораките за заштита од коронавирусот на својот Фејсбук профил напиша:

“Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!

Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме! Каква е оваа вонредна состојба???“, напиша Лазаров.

останати вести