Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ: Не треба ни трета, ни четврта вакцина ако првите две не даваат заштита од омикрон

by Тони Зографски

Проф.др. Вело Марковски во разговор за Локално вели дека не треба ни трета ни четврта вакцина ако првите две не даваат заштита од омикрон.

-Не, чудна е лицитација со број на примени вакцини, најава дека ќе треба трета, четврта…Производителот препорача две дози, и после тоа мора да има заштита од инфекција, а не полесна форма. Ако една вакцина не дала антитела, или тие антитела не штитат тогаш таа вакцина не е добра. Добра вакцина е таа што ќе има над 70-90% сероконверзија (човек што немал антитела по вакцинирањето има антитела), при тоа се анализира бенефитот, придобивките од вакцината и з а поединецот и во придонесот кон колективниот имунитет. Ако несаканите ефекти од вакцината ги надминуваат досегашните усвоени китериуми за степенот на дозволиливи несакани ефекти од една вакцина, вакцинацијата со одредената вакцина се прекинува и се бара нов решение. Од друга страна во иста сезона не треба да има голема мутација на вирус, и сегашните вакцини мора да ја фатат и да заштитат при мали мутации. Ако пак во тек на една сезона очекуваме големи мутации, тогаш треба да се бара вакцинален сој кој ќе штити и при мутации. Инаку една ваква голема, најголема досега вакцинална акција со над 8 милјарди вакцини во светот е фрлена работа во ветар. Така да не треба ни трета, ни четврта доза ако првите две не даваат заштита од Омикрон, или друга нова мутација – вели д-р Марковски.

останати вести