Д.Р. БЕЌАРОВСКИ: “Најубавата вест” од пописот е што од денес секој македонски жител е побогат за 800 $

by Тони Зографски

Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија е често активен на социјалните мрежи. На неговиот последен пост на Фејсбук тој проговори за резултатите од пописот.

“УШТЕ МАЛКУ ПОСТ ПОПИСНА СТАТИСТИКА

“Најубавата вест” од пописот е што од денес секој македонски жител е побогат за ~800 $.
БДП по глава на жител до денес беше ~5900$ од денес е ~6700$.
 Втората “убава вест” само за еден ден процентот на вакцинација против ковид-19 се зголеми од 41% на “цели” 46% без ниту една дадена вакцина.
● Првата лоша вест секој жител на Македонија од денес е позадолжен за 9,7% иако државата денес не зеде ниту еден долар кредит !!!!

● Втората лоша вест е дека за еден ден скокнавме за цели две места на неславната листа за починати од Ковид-19 на 100.000 жители“, напиша д-р Беќаровски.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com