Д-р Беќаровски за епидемијата во Гостивар: Веќе ни „ладна чешмовача“ не е тоа што беше

by Тони Зографски

Во Гостивар прогласена епидемија на заразна болест. Седумдневното зголемување на бројот на болни со дијареја, повраќање и температура го вклучи алармот. Фреквенцијата на болни во гостиварската болница не се намалува.

Првиот човек на итната медицинска помош вели дежурните лекари во здравствениот дом од 13 јули наваму имаат неколкукратно поголем број на пациенти.

Познатиот клинички токсиколог и универзитетски професор Нико Беќаровски, вината за оваа состојба ја вперува во нестручните кадри на соодветните позиции.

„Ние “метузалемите” од бившиот систем имавме предмет ОНО и ОСЗ (општонародна одбрана и општествена самозаштита).

Во тој предмет меѓудругото учевме дека јавните водоводи и извори се општествено богатство и преставуваат висок одбранбен ризик за тероризам и диверзии.

Сите беа под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив најстрого се казнуваше како обид за диверзија и масовен геноцид.

Сега со водоводите управуваат “неки нови клинци” кои кога ќе направат невидена глупост, не знаат дури ни да кажат “сори бат се стори”. Веќе ни “ладна чешмовача” не е тоа што беше“, стои во објавата на Беќаровски на Фејсбук.

останати вести