Грујо се журкаше со плавуша и со порно звездата Роко Сифреди (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот премиер Никола Груевски се појави на фотографија на Фејсбук, во друштво на поранешната порно ѕвезда и продуцент на порно филмови Роко Сифреди и згодна бринета, објави унгарската 24.ху.

Медиумот пишува дека Груевски како бегалец ги ужива сите привилегии, а сличен на него бил и Сифреди, кого пак во Унгарија од Италија го привлекла неговата убава сопруга, а не бегството од затворската казна.

Инаку, на официјалната страна на Фејсбук „Бизнис забава Будимпешта“ е објавена фотографија на која се гледа експремиерот Груевски фотографиран на црвен тепих со уште двајца мажи и една жена. На Фејсбук страницата е објавено дека на забавата присуствувале претставници на компании и поканети гости.

 

 

останати вести