Греј: “Мајка ми сонуваше дека ќе бидам Мис Универзум“ (ГАЛЕРИЈА И ВИДЕО)

by Тони Зографски

Катриона Греј од Филипини беше избрана за Мис Универзум на синоќешниот 67. натпревар за убавина одржан во тајландскиот главен град Бангкок. Круната на Греј и беше предадена од ланската мис, Деми Петерс од Јужна Африка.
Второто и третото место го освоија убавиците од Венецуела и Јужноафриканската Република.

24-годишната убавица носеше црвен фустан за кој објасни дека е инспириран од вулканот на Филипините.
„Кога имав 13 години, мајка ми сонуваше дека ќе ја освојам титулата Мис Универзум облечена во црвен фустан. Кога ја видов по прогласувањето, и двете плачевме“, изјави Греј.

Инаку, Греј е четврта убавица од Филипини која ја освојува оваа титула, по победите во 2015, 1973 и 1969 година. Татко ѝ е од Австралија, а Греј има студирано музика на Беркли, во Бостон.

останати вести