ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ: Скопјанец се фали на социјалните мрежи како пaли шуми

by Тони Зографски

Граѓаните се рeволтирани откако на социјалните мрежи се појави видео од засега непознат сторител како пали во природа Тој дури и се пофали на мрежата „Тик Ток“ како со запалка ги потпалува дрвата и растенијата и гледа како горат.

“Пироманот да биде познат, да го направиме… стои во описот под видеото кое се споделува по социјалните мрежи, а во кое се гледа како извесен џељокинг2020 (тоа му е името на профилот на ТикТок) пали шуми.

Треба да си многу глуп за ова да ти биде достигнување за пофалба на „Тик Ток“-коментираат на „Фејсбук“.

На видеото не се гледа за која локација се работи, а истото е споделено на социјалната мрежа ТикТок – апликација која воглавно се користи за забавни видеа.

Posted by Коле Кољо Јовановски on Tuesday, August 4, 2020

останати вести