Гости масовно доаѓаат во ресторан на пилешко и шлаканици, снимката е хит (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Јапонскиот синџир Yotteba ја прекина услугата на ударање шлаканици на гостите, откако еден се пожали дека во таа прилика бил повреден.

Овие ресторани се познати по своите евтини пиво и пилешки крилца, а претходно им овозможуваа на клиентите да добиваат силни шлаканици од келнерките за 500 ¥ (околу три евра). За дополнителни 100 јени можеле да изберат работник кој ќе им ги зацрвени образите.

Необичната услуга првично била дизајнирана да им помогне на гостите да се „отрезнат“ по оброкот, а со текот на времето станала популарна, пишува Independent.

На социјалните мрежи кружат видеа од гостите кои добиваат шлаканици од млади келнерки, но жалбата на еден од нив стави крај на оваа бизарна практика.

„Тоа го правиме во нашите барови повеќе од две години, но не мислевме дека ќе биде толку популарно. Нашиот синџир станува сѐ поголем и сакаме да го промениме нашиот имиџ“, објасни тој.

Тој потврди дека услугата за ударање шлаканици била откажана пред два месеци, по инцидентот со повредата. Сепак, тој не сакал да открие други детали.

останати вести