ГО УБИЛ БРАТОТ БЛИЗНАК И ТАТКА СИ: Познат адвокат од Митровица им подлегна на повредите од синот

by Тони Зографски

Две лица се убиени, а според првите информации станува збор за момче кое си ги убило братот близнак и таткото, кој е познат адвокат во Северна Митровица.

Злосторството се случило на улицата „Крал Петар“ во Северна Митровица утрово околу шест часот, а на него му претходела караница.

Портпаролот на косовсната полиција Бранислав Радовиќ потврди дека во инцидентот учествувале двајцата браќа близнаци родени во 1993 година и нивниот татко.

Тој наведе дека нападот бил изведен со ладно оружје, а напаѓачот е уапсен и е во притвор.

Напаѓачот М.Б. во семејниот стан прво го нападнал својот брат близнак У.Б., а потоа и неговиот татко М.Б. Од здобиените повреди на самото место починал У.Б., додека во болница починал таткото.

Полицијата го третира настанот како тешко убиство и очекува истрагата да го открие мотивот за насилството и убиството во ова семејство.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com