“ГЛЕДАЈТЕ ГО ОВОЈ НЕСРЕЌАВА АПАСИЕВ, ОБИЧЕН ШАРЛАТАН“ – изјави Шилегов

by Тони Зографски

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на гостувањето на Канал 5 ТВ во „Само Интервју“ изјави дека лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев е шарлатан.

-Глејте го овој несреќава Апасиев. Апасиев беше, така? Супер! Што мисли тој дека е главен фраер ако пцуе по Фејсбук? Шарлатан, обичен шарлатан – рече Шилегов.

Инаку, лидерот на Левица во повеќе наврати упатува погрдни зборови кон скопскиот градоначалник, откако го нарекува „пијаница“. Тој упати навреди и кон министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Се моли Шекеринска да иде у пи*ку матер. Од Карпалак, па лево!“, напиша неодамна Апасиев.

По завршувањето на изборите пак, кога стана познато дека неговата партија земала 2 пратенички места, тој порача „дека сите ќе ги стрела“.

останати вести