ГИ СОБЛЕКЛЕ ГОЛИ НЕГО И ДЕВОЈКА МУ И ИМ ОДЗЕЛЕ 500.000 ЕВРА: Заложничка драма во домот на голманот на ПСЖ

by Тони Зографски

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка станаа плен на грабеж во нивниот стан во Париз. Европскиот шампион со тимот на Италија и неговата придружничка биле врзани од разбојниците, кои потоа зеле 500.000 евра. Француските медиуми известуваат дека биле приморани од разбојниците да се соблечат голи.

Голманот на Пари Сен Жермен и неговата девојка потоа успеале да се ослободат, среде ноќ и се упатиле во луксузен хотел недалеку од нивниот дом. Персоналот на хотелот бил тој што ја алармирал полицијата.

Дваесет и четиригодишниот Италијанец и неговата партнерка се испратени на лекување во болница поради претрпен шок, а започната е истрага за откривање на сторителите и нивно апсење.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com