Германски фудбалер се пожали на главоболка, па почина во болница (ФОТО)

by Тони Зографски

Фудбалерот на Колербах, Јаник Нонвајлер (24) почина во болница во Хамбург кратко откако се пожали на главоболка.

Нонвајлер е поранешен репрезентативец на Германија за играчи до 18 години, беше играч на Колербах во 6. лига, во саботата ги посетил своите родители, му се слошило и со хеликоптер бил пренесен во Хамбург каде починал.

Поранешниот репрезентативец на Германија играше за Сарбрикен, Карлсруе, Штутгарт…

„Засекогаш ќе останеш во нашите срца„ – напиша ФК Колербах.

останати вести