ВПЛОВИ НА ИБИЦА: Јахтата на Тито може да се изнајми

by Тони Зографски

Луксузната јахта “Истранка“ изградена 1959, а која му припаѓаше на Тито, вплови на Ибица. Таа му припаѓаше на маршалот до неговата смрт, 1980 година, а сега може да се изнајми за 70.000 евра неделно.

На ‘Истранка“ меѓудругите престојувале Софија Лорен и Елизабет Тејлор, а Тито со неа крстарел на Бриони.

Денеска јахтата е регистрирана во Италија. На нејзе можат да пловат 12 лица, односно, има четири соби.
Инаку, по смртта на Тито јахтата му припаѓаше еден период и на италијанскиот бизнисмен Неир Александар, основач на спортскиот бренд “Техноџим“.

 

останати вести