ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилничка ѕверски тепа мало девојче во Србија

by Тони Зографски

Застрашувачка снимка на насилство ја згрози српската јавност – на неа се гледа жена како избезумено удира мало девојче, кое не изгледа дека има повеќе од три години, додека изговара грозоморни зборови.

„Ова е за Зоран. Поради тебе нашиот Зоран е во затвор. Милице, зошто го допираш Зоран“, извикува насилничката додека брутално го удира детето со тупаници по главата.

Во еден момент жената го фрла на подот девојчето кое се гуши во солзи и продолжува да вика и да му се заканува.

– Уште не завршив, дојди овде, не завршив, немој да те бркам. Ако ти дојдам, готова си!“, вели жената од видеото.

останати вести