ВОДИТЕЛОТ ИЗБЕГА ВО ПАНИКА: Земјотресот во Италија во студиото на РАИ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Италијанскиот ТВ водител Масимо Фогети даваше преглед на денешните вести кога се случи земјотресот во Италија. Прво брзо го напушти местото пред камерите, а потоа се вратил и чекал да престанат потресите, за на крајот да реши да побегне од студиото на безбедно.

Да потсетиме, вчера во 7 часот и 7 минути е регистриран земјотрес со јачина од 5,7 степени во Италија. Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри од Римини, во Јадранското Море.

Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Италија објавија слики од оштетувања на ѕидови или згради на социјалните мрежи. Железничкиот сообраќај беше прекинат како мерка на претпазливост во близина на Анкона, на јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините. Училиштата беа затворени во многу градови, вклучувајќи ги Пезаро и Анкона.

останати вести