“ВОДЕТЕ СМЕТКА ЗА СЕБЕ“: Кевин Дурант заразен со коронавирус

by Тони Зографски

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант синоќа ги добил резултатите од тестот за коронавирус, по што дознал дека е позитивен и стана седмиот кошаркар во НБА лигата кој е заразен.

Претходно Бруклин Нетс објавија дека четворица играчи се тестирани позитивно на коронавирус, а меѓу нив бил и Кевин Дурант, а од претходно во таа група се Руди Гобер и Донован Мичел од Јута, како и Крис Вуд од Детроит.

Дурент во саботата бил тестиран, а резултатите пристигнале дури синоќа.

– Бидете внимателни, водете сметка за себе и следете ги правилата за карантин. Сите ние поминуваме низ овој предизвик, напиша Дурант.

Инаку, 31-годишниот Дурант ја пропушти оваа сезона поради повреда на ахиловата тетива.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com