ВО ЉУБОВЕН ЗАНЕС: Алесандра Амброзио има ново момче (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најубавите жени на светот, бразилската манекенка Алесандра Амброзио (40) е уловена од папараците со новиот партнер Ричард Лиј на плажата во Санта Моника во Калифорнија.

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет и нејзиниот избраник уживаа на песокот, а дека се вљубени до уши покажуваа и нивните сочни бакнежи.

Во розевиот едноделен костим за капење, Алесандра ја покажа совршената линија во петтата деценија. Таа носеше и портокалово капче и очила за сонце.

Инаку, Алесандра има син и ќерка со поранешниот вереник, претприемачот Џејми Мазуро со кој раскина во март 2018 година, а три месеци подоцна беше во врска со италијанскиот бизнисмен Никола Оди, но и на таа врска набрзо и стави крај.

останати вести