Областа Анталија во Турција и годинава е една од најпопуларните дестинации за летување македонските туристи. „Заборавете ги грижите, ама заборавете го и новчаникот кога ќе стасате во еден од хотелите, зошто со услугата сѐ вклучено или ултра сѐ вклучено, ништо повеќе не ви треба“, велат хотелиерите од Анталија. „Цените растат глобално, но она што е за нас најважно е да ги задржиме нашите редовни гости кои со годините ни станаа и пријатели. Затоа, годинава работиме со речиси исти цени од лани, имаме само околу 5 проценти зголемување“, ни рече менаџерот на „Вел палас“ близу Сиде, кој е хотел на туристичката агенција Фибула.

(Вел Палас, Сиде)
Македонски туристи често доаѓаат во овој хотел, кој е најпознат по исклучително љубезниот персонал, вкусната домашна храна, удобните соби и убаво уредениот надворешен базен. Додека трепнете келнерите ќе ве послужат со еден од многуте коктели, сокови или ладно кафе. Хотелот се наоѓа во регионот Евренсеки, на 6 километри од Сиде и 50 километри од аеродромот во Анталија. Има вкупно 315 соби распоредени во пет блока и капацитет за 800 гости. Хотелот има главен ресторан со шведска маса и алакарт ресторани со италијанска, турска и мексиканска кујна, барови низ хотелскиот комплекс, диско клуб, снек бар на приватната песочна плажа. Хотелот е отворен и во текот на зимските месеци и често се прават и разни приватни прослави.

(Вел Палас, Сиде)
Уште еден уникатен хотел на Фибула е „Сиам елеганс“, или како што го нарекуваат Тајланд во Турција. Целиот хотел, кој е реновиран во 2023 година е во тајландски сти. Се наоѓа во Богазкент, на 40 километри од аеродромот во Анталија и 50 километри од центарот на градот. Има вкупно 515 соби во три поврзани згради, главен ресторан плус италијански ресторан, рибен, суши бар и ресторан со храна од Далечниот исток. Хотелот го носи старото име на Тајланд. Во лобито ве пречекува јапонска цреша, која е обележје на Азија. Областа околу базенот е вкусно уредена, со бар во тајландски стил на кој коктелите ги земате од подвижен шанк. Плажата е една од најдобрите во регионот. „Во детскиот клуб ги учиме децата да прават колачи. Во сезона во клубот доаѓаат и до 50 деца, а нудиме и детски голф-терени“, вели менаџерската на детскиот дел. А, Анталија има дури 300 сончеви денови во годината, сезона која трае 11 месеци, 400 километри долг морски брег и околу 3.500 хотели. Тоа се само дел од причините зошто Анталија во Турција е топ туристичка години која со години е популарна и кај Русите, гостите од Скандинавија, Англија, Германија, Иран, Израел, земјите од поранешна Југославија.

(Сиам елеганс, Сиде)

(Сиам елеганс, Сиде)