ВО ТОП-ФОРМА: Шерон Стоун во седмата деценија позираше во микро бикини (ФОТО)

by Тони Зографски

Шерон Стоун го покажа своето тело во дводелен костим за капење и се пошегува дека секогаш е во топ-форма кога летото завршува.

На фотографијата што ја сподели на својот Инстаграм-профил во саботата, може да се види дека Шерон (64) ѝ пркоси на возраста.

На помалку од еден месец до крајот на летото, Стоун во објавата напиша: „Зошто секогаш успевам да сум во  својата најдобра форма токму кога завршува сезоната на бикини?.

Таа позира пред огледалото во својата спална соба во микро-бикини со тропски принт.

Актерката и поранешен модел е слика на самодоверба имајќи предвид дека позира дома, без фотографски трикови, без техники за разубавување и без специјално осветлување.

Стоун отсекогаш негувала поприроден изглед и воопшто не се срами да покаже дека и таа не е совршена.

останати вести