Во несреќата на руската милионерка загинаа и двајца Срби

by Тони Зографски

Во авионската несреќата  во близина на Франкфурт во која загина руската милионерка Наталија Филева, животот го загубија и двајца Срби. Три лица загинаа вчера при падот на малиот авион, а во сударот на возилото со полициски автомобил кој се движел кон местото на падот на авионот, загинаа две лица од Санџак – еден човек од Пријепоље и неговата свршеница од Бродарево.

Инаку, Филева (55) е четврта најбогата жена во Русија на листата на Форбс за 2018 година, а нејзиното богатство се проценува на 660 милиони долари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com