ВО ЗАЕДНИЧКА “ПРОДАЖБА“ НА СВОЕТО ТЕЛО: Дениз Ричардс и нејзината ќерка ќе снимаат заедно на платформа за возрасни (ФОТО)

by Тони Зографски

Само една недела откако Семи Шин, ќерката на Чарли Шин и Дениз Ричардс, стана дел од платформата „OnlyFans“, тоа го направила и нејзината мајка.

Меѓутоа, сега објавија дека заедно ќе се фотографираат.

Семи Шин и Дениз Ричардс на својот Инстаграм профил објавиле дека наскоро заедно ќе подготвуваат објави за апликацијата „OnlyFans“.

Semi Šin

„Како што знаете, наскоро ќе снимам со мајка ми. Ако ми се јавите, ќе се погрижам да ви испратам посебно и слатко видео од нас две“, напиша 18-годишната Семи на својот Инстаграм.

Голем број фанови веднаш реагирале, а најголем дел од коментарите, кои повеќето биле негативни – биле насочени кон Дениз Ричардс.

„Како мајка на две ќерки сметам дека ова е многу вознемирувачки. Ги сакам моите девојки, но ова е толку одвратно“, бил еден од коментарите упатен до Ричардс.

„Кој по ѓаволите го прави тоа со своето дете? Тоа е крајно непримерно“, и напишал еден корисник на Дениз, која на Инстаграм ја следат повеќе од 1.4 милиони корисници.

Од друга страна, нејзината ќерка, која ја добила во врска со актерот Чарли Шин, на Инстаграм ја следат 111.000 корисници.

Очигледно е дека 51-годишната актерка не обрнува премногу внимание на негативните коментари на социјалните мрежи, па на OnlyFans споделила дека многу се радува на новото искуство.

останати вести