ВИДЕО КОЕ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Цел мост прекриен со луѓе кои клечат во позата во која Флојд беше убиен (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Неверојатни сцени на илјадници луѓе кои лежат мирно и тивко на мостот Брунсајд во центарот на градот го обиколија светот. Додека американските власти се закануваат дека на демонстрантите кои крадат ќе изведат војска бидејќи „не го оспоруваат“ правото на мирни протести, демонстрантите во Портланд, Орегон, покажаа како тоа се прави. Лежејќи на улица со рацете зад грб, демонстрантите симулираа позиција во која почина Џорџ Флојд додека полицаец му клечеше на вратот.

На снимките од воздух е прикажан мостот долг неколку стотици метри целосно покриен со телата на демонстрантите кои мирно испратија сосема друга порака од оние што доаѓаат од американските улици во последните неколку дена.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com