“ВЕ МОЛАМ МОЛЕТЕ СЕ ДА СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА“: Тешка сообраќајка на фронтменот на „Нови Фосили“

by Тони Зографски

Фронтменот  на „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ (65), синоќа доживеја страшна сообраќајка откако излета од патот кај Равна Гора.Тој возел со голема брзина и удрил во камења, па завршил во провалија.

Според најновите информации, Дујмиќ е во болницата во Сушак, во одделот за интензивна нега и тој е во стабилна состојба, јавуваат хрватските медиуми.

Неговата сопруга Снежана потврди дека Рајко има сериозни повреди на главата и е во кома.

“ Ве молам молете се да се разбуди од кома“ напиша Снежана на Фејсбук.

Инаку, Рајко Дујмиќ се лечи и од алкохолизам откако пред неколку години физички ја нападна сопругата а е во конфликт и со колегите од групата на кои им забрани да го користат името „Нови фосили“ што тој го заштитил.

останати вести