Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Невропатската болка е предизвикана од лезија или болест на соматосензорниот нервен систем. Најчесто е хронична состојба кoja негативно влијае на квалитетот на животот. Болката е иритирачка, исцрпувачка. Ефикасните стратегии за третман се комбинација од фармаколошки и нефармаклошки терапии за да се намали болката и нејзиниот ефект врз животот на пациентите.
Причини: – дијабетес – хемотерапија
– фибромијалгија – хируршка интервенција, траума, мозочен удар, повреда на ‘рбетен мозок
– ХИВ – недостаток на хранливи материи – алкохол
Симптоми: • чешање • вкочанетост • болка, трпки, печење • мускулна слабост
Нефармаколошки терапии:
– неинвазивни третмани: вежбање, когнитивно-бихејвиорална терапија, додатоци во исхраната
– инвазивните терапии: масажа, акупунктура, транскутана електрична нервна стимулација (TENS).
Додатоци во исхраната:
Цинк: кај невропатска болка, макуларна дегенерација, српеста анемија, заболување на црн дроб поврзано со алкохол. Активира гени вклучени во синтезата на макромоекулите и протеините, игра улога во растот и пролиферацијата на клетките, има важна улога против оксидативниот стрес. Има антиинфламаторни својства. Магнезиум: кај дијабетична и постхерпетична невропатија, невропатска болка поврзана со рак, со хемотерапија. Го блокира рецепторот клучен за трансдукција на болката, го подобрува движењето.
Витамин Д: кај хронична невропатска болка, фибромијалгија, дијабетична невропатија; вклучен е во регулирањето на воспалителните цитокини.
Б-витамините: тиамин (Б1), пиридоксин (Б6), фолат (Б9) и цијанкобаламин (Б12) играат клучна улога во синтезата на ДНК и РНК, имунитетот и метаболизмот; ја ублажуваат невропатската болка кај дијабетес, помагаат во одржување на обвивката на нервните завршетоци, ја забрзуваат и подобруваат регенерацијата на нервното ткиво и функцијата на нервите.
Куркумин: се наоѓа во зачинот куркума, има антиинфламаторни и антиоксидативни својства. Има долга историја на употреба од 1900 година п.н.е. во Индија како лек за рани, болки и гастроинтестинални нарушувања. Ги ублажува вкочанетоста и пецкањето во рацете и нозете.
Кантарион: терапевтските придобивки во лекувањето на нарушувања на нервниот систем датираат од античките Грци и Римјаните.
Алфа-липоична киселина: кај дијабетична невропатија или по лекување на рак, ја подобрува нервната спроводливост и функција, го поддржува протокот на крв, ги ублажува непријатните симптоми во нозете и рацете.
Ацетил-L-карнитин: го зголемува нивото на енергија, ги намалува проинфламаторните молекули, помага во производство на протеини кои ги штитат невроните, создава здрави нервни клетки, ги регенерира повредените нервни влакна, ја подобрува нервната спроводливост, ја намалува болката.
N- ацетил цистеин (NAC): аминокиселина, антиоксиданс, помага во намалување на болката и воспалението.
Рибино масло: има антиинфламаторни ефекти и способност да ги поправи оштетените нерви, ја ублажува нервната болка и болката во мускулите.
Капсаицин: соединение во чили пиперките што ги прави лути. Како крема или фластер спречува нервите да испраќаат сигнали за болка, умерено ја олеснува болката од невропатија, ХИВ поврзана или постхерпетична.
Канабидиол (CBD): се наоѓа во растението марихуана но не предизвикува чуство на еуфорија. Може да намали и блокира воспалителни маркери поврзани со невропатијата. да го намали развојот и интензитетот на болката.
Коензим Q10 (CoQ10): ја поддржува функцијата на митохондриите (енергетскиот центар на клетката) преку антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Го намалува нивото на воспалителни молекули, го зголемува производството на антиоксиданси, ги штити невроните од умирање. Гама-линоленска киселина: омега-6 есенцијална масна киселина; го намалува бројот на места на болка, го подобрува движењето. Не се препорачува ако имате покачени триглицериди бидејќи може допонително да ги зголеми нивоата.
Вежбање: има потенцијал да ја намали невропатската болка.
Когнитивно-бијевиорална терапија (КБТ) и терапија за преработка на болка го подобруваат квалитетот на живот кај луѓето со различни видови болка.
Употребата на додатоците треба да е индивидуализирана, консултирајте се со доктор пред да започнете со нови додатоци во исхраната.
