ВАША ОРДИНАЦИЈА: Каков пилинг ви е потребен?

by Тони Зографски

 

Дерматолог, специјалист по естетска медицина д-р Екатерина Јурукоски

 

Зошто е потребен пилингот на кожата?

Пилинзите се всушност едни од најбараните козметички третмани во светот затоа што од една страна даваат брз резултат со видливо подобрување на кожата а од друга страна се троши минимално време на самиот третман. Од тие причини тој е најомилниот третман и кај докторите и кај пациентите.

Постојат некулку варијанти на пилинзите. Во зависност на кој начин се изведуват тие се делат на: хемиски, механички, ултразвучни, гасотечни и комбинирани видови.

 

Каков пилинг ви треба?

Најчесто во денешно време се користат површински благи пилинзи затоа што дават најдобри резултати на кожата со минимално заздравување во споредба со механички, длабоки и средно длабоки пилинзите. Површинскиот пилинг е најлесна опција што одговара на сите типови на кожата и може да се изведува во било кое време на годината. Со него не може да се згреши.

 

Како пилингот делува на кожата?

Главната индикација за примена на пилинзи е промена на боја и намален тонус на кожата.

Состојките во пилинзите како алфахидрокси киселини (АНА) имат антисептичко и биостимулативно дејство на кожата, значи стимулират синтеза на нов колаген давајќи подмладен изглед на кожата.

Мандалеичните и млечните киселини пак во состав на пилинзите овозможуват благо прочистување на епидермис (површинскиот дел на кожата) и елиминација на мртвите клетките па на тој начин цтимулират хидратација и го освежуваат лицето. Затоа се применуват како профилактика за стареење на кожата.

 

Како се изведува третманот?

Пред да се направи пилингот кожата мора да биде исчистена од шминка и маснотии со специјална пена за миење. Потоа доктор-специјалист го нанесува пилингот, избегнувајќи ја регијата околу очите. Се остава да делува неколку минути и после се неутрализира со вода или препорачаното средство за неутрализација. Најзначајно е пилинзите да се изведуваат од страна на стручни и искусни доктори, за да се постигне максимален бенефит од истите, и да се спречат било какви последици по пациентот.

 

Какви се резултатите и кога да се очекуваат?

Уште после првиот третман веќе има видливи резултати. Кожата е освежена, со рамномерна боја и прекрасен лифтинг ефект. Едноставно кожата сјае.

 

Колку третмани се потребни?

Третман препорачувам да се изведува еднаш неделно, но потребни се од 1 до 6 третмани во сесија. Бројот на третмани обично го одредувам после консултација со пациентот и преглед на кожата. За понатамошно одржување советувам да се изведуваат 2 сесии во годината.

останати вести