ВАША ОРДИНАЦИЈА: Здравиот сон допринесува за добро имунолошко здравје

by Тони Зографски

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска

интернист-нефролог

ПЗУ Зегин Интермедика

Кога ќе се разбудите наутро, дали сте свежи и подготвени за денот или сте поспани и намќорести? За многу луѓе, второто сценарио е честа појава.

Лишувањето од сон е состојба што се јавува кога не спиеме доволно или не спиеме доволно квалитетно. Влијае на расположението, енергијата и меморијата, но може да допринесе и за воспаление.

Сонот, имунолошките функции и воспалението делат заеднички регулатор. Сонот е регулиран од циркадијални ритми кои ги управуваат хормоните и другите физиолошки промени што нé тераат да се движиме по континуитет на спиење и будност во текот на 24-часовниот ден. Овие дбневни циклуси на спиење и будење ги поминуваме без многу размислување. Цирадијалните ритми работат за да нé одржуваат во распоред.

Сонот и воспалението се двонасочно поврзани и овој однос е важен за здравјето и благосостојбата. Воспалението влијае на спиењето преку проинфламаторни медијатори кои дејствуваат на централниот нервен систем. Недостатокот на сон ги зголемува маркерите на воспаление, воспалителните молекули и ги активира проинфламаторните сигнални каскади.

Овие знаци на воспаление сугерираат дека лишувањето од сон игра улога во воспалителниот процес. Воспалението е природен одговор на телото на болести и повреди; тоа е привремен одговор, ефикасен одбранбен механизам. Но, кога воспалението стане хронично, може да допринесе за развој на срцеви болести, дијабетес, мозочен удар, рак и Алцхајмерова болест.

Здравото спиење помага во одржување на воспалителната хомеостаза, лошото спиење ја поттикнува прогресијата на болеста и влијае на закрепнувањето. Недостатокот на сон го менува и одговорот на стрес на телото.

За време на спиењето, крвниот притисок паѓа и крвните садови се опуштаат. Кога спиењето е ограниено, крвниот притисок не се намалува како што треба, што може да ги активира клетките во зидовите на крвните садови кои го активираат воспалението.

Недостатоток на сон влијае на нормалната функција на системот за чистење на мозокот, глифатичен систем. Во најдлабоките фази на спиење, цереброспиналната течност циркулира низ мозокот отстранувајќи го бета-амилоидниот протеин поврзан со оштетување на мозочните клетки. Без добар ноќен сон, овој процес на чистење е помалку темелен, протеинот се акумулира и се равива воспаление. Потоа, се создава маѓепсан круг. Натрупувањето на бета-амилоид во мозокот почнува да го нарушува подлабокиот сон. Ова оштетување го отежнува и спиењето и задржувањето и консолидирањето на спомените.

Кумулативниот ефект на губење на сон доведува до намалување на структурниот интегритет, големината и функцијата на мозочни региони кои се ранливи на оштетување во раните фази на Алцхајмеровата болест.

Добриот здрав сон го поддржува доброто имунолошко здраје. На долг рок, добриот здрав сон би можел да го намали ризикот од развој на хронични заблувања со воспалителна компонента, вклучувајќи рак, хронична болка и кардиоваскуларни, метаболни, автоимуни и невродегенеративни заболувања.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com