ВАША ОРДИНАЦИЈА: Gilbert синдром

by Marjan Velevski

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар

Gilbert синдромот е благо пореметување каде неконјугираниот билирубин (жолт продукт во крвта) е повисок од нормално поради тоа што црниот дроб не може соодветно да го преработи. Билирубинот е продукт од распадот на старите црвени крвни зрнца.
Високиот билирубин (хипербилирубинемија) во крвта може да предизвика жолтица. Кожата и белките на очите се пожолтени.

3-7% од населението може да го има овој синдром, повеќе го има машкиот пол. Оваа состојба е наследна, генетска, оди по фамилии. Лицата имаат еден неисправен ген кој е одговорен за создавање на специфичен ензим (глукуронил-трансфераза) кој е потребен црниот дроб да го преработи билирубинот (од неконјугиран во конјугиран) и да го отстрани од крвта преку жолчката и дигестивниот систем. Лицата со овој синдром имаат пониско ниво на овој ензим. Нема други ризик фактори за појава на синдромот.
Многу лица немаат никакви симптоми и не знаат дека го имаат. Во околу 30% случаи се открива случајно, со крвните анализи.

Жолтицата е најчест знак, ретко некои особи имаат замор, болка во стомак, вртоглавица. Симптомите типично се јавуваат во одредени ситуации кога расте нивото на билирубин во крвта: болест, стрес, дехидратација, преголем физички напор (вежбање), гладување, менструација.

Состојбата не бара третман, нема компликации, минува сама од себе.
Не може да се превенира бидејќи генетски се пренесува, оди по фамилии.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com