Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографија од неговата средба со американскиот лидер Доналд Трамп на погребот на папата Франциск.
Според извештаите, разговорот траел 15 минути.
По пристигнувањето во Рим, каде што присуствува на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека „денес е добар ден за разговори и средби меѓу претставниците на Русија и Украина“.
– Добар ден за разговори и средби со претставници на Русија и Украина. Тие се многу блиску до постигнување договор и сега двете страни треба да се состанат на многу високо ниво за да го финализираат договорот. Поголемиот дел од клучните точки веќе се договорени. Запрете го крвопролевањето, сега. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави крај на оваа сурова и бесмислена војна, рече Трамп по средбата со Зеленски.
Трамп и Зеленски се сретнаа во пресрет на погребот на папата Франциск, што беше потврдено и од американската и од украинската страна. Белата куќа изјави дека состанокот бил „многу продуктивен“.
Американскиот претседател објави мистериозна порака
– Тие се сретнаа приватно денес и имаа многу продуктивен разговор, изјави за Си-Ен-Ен директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чинг, додавајќи дека деталите од разговорот ќе бидат објавени наскоро.
Според извештаите, по погребот е планирана уште една средба меѓу двајцата лидери.