ВАКА ГО ПРАВАТ ТОА ПРИНЦЕЗИТЕ: Внуката на Грејс Кели во бикини кое не излегува од мода го покажа завидното тело (ФОТО)

by Тони Зографски

Витката бринета била „уловена“ во едноделно, црно бикини кое ја нагласувало нејзината фигура на тело.

Таа денот го поминала уживајќи во капењето и сонцето, а друштво ѝ правел сопругот Дмитри Расам, филмски продуцент и син на легендарната француска актерка Керол. Парот е во брак од 2019 година, а една година претходно го добиле синот Балтазар.

Убавата принцеза од Монако, како што медиумите ја нарекуваат, иако не ја носи официјално таа титула, од врската со познатиот француски комичар и актер Гад Елмалех го има 8-годишниот син Рафаел.

„Јас не сум принцеза. Мојата мајка е принцеза, јас не сум. Јас сум внука на шефот на државата. И со тој статус добив некои репрезентативни должности, ништо многу тешко“, изјавила Шарлот Казираги во една прилика за „Vogue“, прекрасната ќерка на Каролин од Монако која е 11-та по ред за престолот.

Таа во минатото професионално се занимавала со јавање на коњи, а денес работи како ПР и амбасадорка во париската модна куќа „Chanel“.

 

останати вести