Американската глумица Кетлин Тарнер важеше за една од најубавите холивудски глумица. Но, во исто време таа се бореше со бројни здравствени проблеми.
На почетокот на 90-те нејзината понатамошна кариера беше под знак прашалник кога и беше дијагонстициран реуматоден артритис и кога докторите и соопштиле дека нема да може да оди. Кетлин тоа не можела да го прифати, па ја продлжила борбата за своето здравје. Но, лекарствата си го сториле своето, па нејзиниот изглед драстично се променил. Како што изјавила, не и било важно како изгледа, туку само да преживее.
Многумина ја обвиниле дека му се предала на алкохолот, што било лага. Подоцна, таа навистина почнала да пие, но како што вели, лекарствата и го заматиле умот и се излегло од контрола. Потоа Кетлин замина на одвикнување, и отворено зборуваше за својата болест и неправдата која ја доживеја.