176
Ејза Гонзалес и Григор Димитров потврдија дека се во врска.
35-годишната актерка и 33-годишниот бугарски тенисер за првпат заедно се појавија на свеченост. Атрактивниот пар присуствуваше на галата „Women In Cinema“ оргазнизирана од Red Sea Film Foundation во Франција.
Следниот ден, таа сподели фотографии од настанот за да му го честита роденденот на својот сакан. Таа напиша:
„Најсреќен роденден на мажот од моите соништа. Григор Димитров ти си еден и единствен. Ти апсолутно ми си омилениот човек досега и не можам да поверувам дека бев доволно среќна да те пронајдам… Те сакам“.


