Британски дипломат спаси девојка од давење (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британскиот дипломат Стивен Елисон (61) е прогласен за херој откако скокнал во река во Кина и спасил студентка која се давeла. Тој се шетал покрај река во саботата наутро, кога 24-годишно девојче се лизнало и паднало во длабока вода во неговата близина.

Видеа снимени од минувачи покажуваат како таа се бори со струја, тоне, а потоа повторно се појавува на површината. Во еден момент изгледа дека се онесвестила.

Елисон ги соблече чевлите и скокна во реката за да ја спаси. Тој го сврте лицето од водата за да може да дише и пливаше назад до стрмниот брег на реката.

„Таа беше во несвест, не дишеше и накратко се плашевме од најлошото. Но, кога се вративме на брегот, таа повторно почна да дише”, изјави Елисон за Би-Би-Си.

останати вести