Британска актерка е уапсена, откако не платила во „Зара“ во Турција (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британската комичарка и актерка Серес Нелмес е уапсена во Турција откако случајно излегла од Зара и заборавила да плати за тоа што го купила.

Таа вели дека случајно заборавила да плати за предметите што ги носела, а потоа сфатила што направила и се вратила во продавницата за да плати за сè, објави Сан.

И покрај тоа што нудела пари и им ги предала предметите на вработените, локалната полиција ја уапсила под сомнение за кражба. Според неа, персоналот ја заклучил во соба во продавницата три часа пред да ја однесат во полициска станица.

Таму, од актерката било побарано да потпише документи што не можела да ги прочита бидејќи не биле на јазик што го разбирала.

https://www.dailymail.co.uk/embed/video/3484733.html

Поминала 24 часа во затвор

Серс поминала 24 часа во затворска ќелија без храна или пристап до тоалет. Таа исто така рекла дека кога побарала вода, тие одбиле, велејќи дека не ја разбираат. По нејзиното ослободување, судија ѝ забранил да ја напушти Турција додека трае истрагата, а доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до три години.

Поради неможноста за работа и финансиските проблеми, таа моментално не е во можност да плати за сместување, па затоа ја згрижило локално семејство кое ѝ понудило кревет и оброци. Во објава на социјалните мрежи, таа им се заблагодарила на луѓето кои ѝ испраќале зборови на поддршка, велејќи:

– Добро сум и не ги заслужувам сите овие убави зборови, но сум многу благодарна.

останати вести