БРИТАНИЈА ВО ШОК: Новинарка на Би Би Си мистериозно почина (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младата навинарка на Би Би Си, Хана Јусуф почина ненадајно почина на 27-годишна возраст.

„Хана беше посветен професионалец и мост меѓу медиумите и заедницата, и посветено помагаше да се разбијат границите околу тоа, чиј глас се слушаше. Многумина Јана ја познаваа поради нејзиниот неверојатен придонес во новинарството и нејзината работа во Би Би Си. Додека жалиме за нејзината загуба се надеваме дека делото на Хана ќе послужи како инспирација и светло за нејзините колеги и за целата заедница“, пишува во соопштението од нејзиното семејство.

Тие додадоа дека Хана починала „ненадејно и неочекувано“.

Инаку, Хана Јусуф во емисијата “Добро утро, Британијо“ во 2017 година гостуваше со хиџаб на главата. Таа е родена во Сомалија, детството го поминала во Холандија, од каде се преселила во Велика Британија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com