Изгледа дека се ближи крајот на уште една спектакуларна холивудска кариера. Славниот актер Бред Пит во разговор со медиумите најави дека филмот „Bullet Train“ може многу лесно да му стане последен голем филмски проект.
Тој стана, како што вели, многу пребирлив кога се во прашање понудите, а тоа што го добил досега не ги задоволува неговите критериуми.
Мислам дека сум во последниот семестар или тримесечје“, откри Пит.
Во филмот „Bullet Train“ тој глуми убиец кој штотуку се опоравил од прегорување и се враќа на својата работа со малку погрешно чувство на самодоверба за неговата способност за работа.
„Знаете, правите еден месец терапија, доживувате просветлување и мислите дека сте сфатиле се, дека никогаш повеќе нема да бидете изгубени“, накратко рекол Пит за тоа каков е неговиот херој.