Бразилска одбојкарка почина на 30 години по тешка битка со рак на желудникот ( ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната одбојкарка и репрезентативка на Бразил, Ана Паула Борго почина на 30-годишна возраст по тешка битка со рак на желудникот.

Бразилката ја заврши кариерата минатата година, кога ѝ беше откриен ракот, а само два дена пред смртта остави емотивна порака на Инстаграм.

„Помина и нашиот петти ден, а јас не бев доволно добро за да зборувам. Поминавме петти ден во болница, се грижеше за мене и ми зборуваше колку ме сакаш. Слушнав многу приказни за тоа како мажите ги напуштаат сопругите откако ќе се разболат, но Карлос беше поинаков, ми покажа колку ме сака. Имам многу убави работи да ти кажам, но нема да должам. Само сакам секој да има привилегија да има Карлос во својот живот, син како Карлос, сопруг и брат како Карлос“, напиша Борго.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com