139
Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес го привлече светското внимание бидејќи уште во петтиот месец од бременоста играше на меч за својот тим Флуминенсе во бразилското првенство. Хелдес играше во четвртфиналната плејоф серија на бразилското првенство и блесна на позицијата техничар во која настапуваше и за репрезентацијата на Бразил.
33-годишната Бразилка со фантастични потези ја крена публиката на нозе, иако трудничкиот стомак веќе се забележуваше на прв поглед. Сепак, нејзиниот Флуминенсе испадна од плеј-офот, бидејќи Сеси-Бауру ја доби оваа четвртфинална серија со 2:1 и се пласираше во полуфиналето.
