БОЛЕСТА ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ ОД ЛИЦЕТО НА БРУС ВИЛИС: Нова фотографија го покажува изнемоштениот актер со отсутен поглед (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерот Брус Вилис има деменција и афазија, а неговата состојба судејќи според најновите фотографии секојдневно се влошува. Вилис (69) беше фотографиран во Калифорнија додека седеше на совозачкото место во автомобилот.

Тој беше облечен во спортско издание, носеше качкет и маица со крагна, а на лицето му се забележуваше измореноста, а покрај него постојано беше неговото обезбедување.

Во последно време познатиот актер поради болеста ретко може да се види во јавноста, а неговото семејство е постојано со него и му ја нуди потребната поддршка и сила.

Вилис е татко на пет ќерки: Мејбл Реј (12) И Евелин (10) се ќерките од неговиот втор брак со Ема Хеминг Вилис, додека од бракот со Деми Мур, Вилис има три ќерки: Румер (36), Скаут (33) и Талула (30).

останати вести