Бо Дерек по подолг период повторно се појави во јавноста (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската убавица Бо Дерек некогаш беше секс симбол, а славата ја стекна во еротската комедија наречена „10“ и филмот за Тарзан.

Русокосата убавица во 80-тите години на минатиот век беше сон на секој маж.

Убавата Бо по многу години конечно се врати во јавноста .

Поминаа повеќе од 40 години откако славната Бо Дерек ја понесе титулата русокоса секс-бомба, а оттогаш ретко се појавуваше во јавноста, па вистинско задоволство е да се види повторно пред камерите.

Познатата холивудска секс икона се појави на премиерата на третата сезона на серијата „Сексот и градот“ во Њујорк, а пристигна во друштво на нејзиниот сопруг, актерот Џон Корбет, добро познат по улогата на Ејдан во популарната серија. И да, Ејдан се враќа во серијата!

“Луѓето велат дека сум икона, што и да значи тоа. Не би се нарекла себеси. Не го сфаќам тоа лично. Но играв улога која секако стана икона”, изјавила актерката во една прилика за еротскиот филм кој ја прослави во 1979 година.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com