БЛАГА ПЕТРЕСКА ИСКРЕНА: Решив да не ги повредам децата кои многу го сакаа својот татко

by Тони Зографски

Блага Петреска низ годините се соочувала со тешки животни предизвици. Била многу млада кога починал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага и додава:

“Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“  раскажува Петреска за „Свет Австралија“.

 

останати вести