БИЛ НА ЧЕКОР ДО ЗНАЧАЈНО ОТКРИТИЕ ЗА КОВИД-19: Кинески научник изрешетан во неговата куќа

by Тони Зографски

Професорот на Универзитетот во Питсбург, Бинг Лиу (37), кој, како што тврди универзитетот, бил на работ на „многу значајно откритие“ за коронавирусот, бил застрелан во текот на викендот. Неговото тело е изрешетано и е најдено во неговата куќа во местото Рос Тауншип. Имал прострелни рани во пределот на главата, вратот, рамениците и други делови од телото.

Полицијата верува дека другиот маж, Хао Гу, пукал и го убил Лиу во неговиот дом, пред да се врати во автомобилот и да изврши самоубиство.

Полицијата верува дека мажите се познавале и велат дека постојат “нула индикации дека професорот бил убиен затоа што е Кинез”, соопштил детективот Брајан Кохлхип.

Членовите на медицинската школа на Универзитетот во Питсбург, во Пенсилванија, САД, својот колега го опишале како прекрасен човек, колега и истражувач и ментор. Тие изјавиле дека Биг бил на прагот на многу значајни наоди на разменување на ќелиските мегханизми, кои стојат во основата на  САРС-ЦоВ-2 инфекцијата. Ветија дека ќе го довршат неговото истражување и дека така ќе му одадат почест.

Инаку, Лиу кој е роден во Кина, докторирал на Универзитетот во Сингапур.

останати вести