БИЗАРНО: Се затвораат во мртовечки ковчег поради терапија и за тоа плаќаат (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Русинот Сергеј Рибченков од Москва ја измислил терапијата на мртовечки ковчег или позната како „Coffin therapy“.

Оние кои сакаат да учествуваат во своевидна сесија поминуваат низ ритуал идентичен како и починатиот.

Клиентите се облекуваат во ритуална облека и потоа влегуваат во ковчегот. Потоа Сергеј ги покрива со ќебе по телото, пали свеќи околу нив, а потоа става капак за целосна атмосфера.

Суштината на терапијата е да се потопите во атмосферата на погребот, таа овозможува изолација и заборавање на надворешниот свет.

Може да потрае и до неколку часа во ковчегот.

– Ги ставаме луѓето во ковчег за да ја разбереме кревкоста на животот – објасни Сергеј.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com