Беше успешен супермодел, а сега е „уловена“ во минијатурно бикини (ФОТО)

by Тони Зографски

Синди Крафорд и на 55 години изгледа неверојатно.

Неодамна папарацо фотографите ја „уловиле“ на одмор во летувалиштето Кабо Сан Лукас, а ова е ретка прилика Синди да ја видиме во бикини на некои спонтани фотографии.

Синди уживала на хотелскиот базен во коктелите, во црно минијатурно бикини покажувајќи го затегнатиот стомак и извајаните нозе, но и витката фигура на тело.

Исто така, некогашниот супермодел еден од најдобрите во историјата, опуштено и со самодоверба шетала без грам шминка, и без оглед на тоа изгледала прекрасно и во состав со своите години.

Инаку, оваа 55-годишна дама напорно и редовно вежба, а тоа дефинитивно се гледа по нејзиното тело. Исто така таа инсистира на балансирана исхрана, па така задолжително јаде салата секој ден и пие зелен чај, но од друга страна сака себеси да си се почести со сладолед или пак чоколаден колач. Синди открила дека избегнува намирници како што се леб, тестенини и ориз, како и преработена храна.

„Се трудам да имам 20 минути кардио тренинг најмалку три пати неделно, а потоа уште 30 минути имам активен тренинг. Тоа се прости работи кои ги научив пред 30-та година“, открила Синди своевремено.

Кога станува збор за негата на лице, Крафорд тврди дека клучот во тоа е да ја приспособи шминката која ја користи во нејзините години и да знае дека препаративната козметика е поважна од декоративната и фокусот треба да биде на негата на кожа.

„Мислам дека најважно е да се грижите за своето тело и ум, вашите односи и да имате пријателки со кои ќе може да се смеете и да разговарате“, прокоментирала оваа убавица.

останати вести