Бензините и дизелот повторно со намалени цени

by Тони Зографски

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,83%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,001 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,661 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 73,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 75,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 36,661 (денари/килограм)

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com