БЕКАМОВИ ВО ПОРТОФИНО 29 ГОДИНИ ПОТОА: Викторија сподели семејни фотографии од Италија

by Тони Зографски

Викторија и Дејвид Бекам повторно се вратија во Портофино – местото кое за нив има посебно значење уште од 1997 година, кога нивната љубовна приказна била на самиот почеток.

Викторија сподели фотографија од романтичното италијанско место и напиша:

„Back in Portofino where we began in 1997… I love you David Beckham.“

пред 29 год. Викторија и Дејвид-Портофино
пред 29 год. Викторија и Дејвид-Портофино

Едноставна порака, но со многу значење.

Во 1997 година тие биле на почетокот на врската, а Портофино станал едно од местата што засекогаш останале поврзани со нивните први заеднички моменти. Денес, речиси три децении подоцна, повторно се таму – како потсетување дека некои љубовни приказни навистина траат.

 2026 Викторија и Дејвид-Портофино
2026 Викторија и Дејвид-Портофино

Дејвид и Викторија се венчаа во 1999 година и со години се една од најпознатите двојки во светот. И покрај огромното медиумско внимание, јавните шпекулации и различните фази низ кои минувале, тие и денес често споделуваат заеднички моменти и пораки посветени еден на друг.

Интересно е што Портофино има толку посебно место во нивната приказна што Викторија дури го нарече еден од своите парфеми Portofino ’97, инспириран токму од нивното романтично патување таму.

останати вести